23/09/2015

Народна банка на Република Македонија објавува можност за извршување на практична работа од максимум 30 дена во периодот од 01.06 до 31.08.2015.
Студентите на ФИНКИ можат да аплицираат со пополнување на следниот образец кој се доставува до Народната банка откако претходно е целосно пополнет од страна на студентот и потврден со печатот на факултетот. Овој печат служи да гарантира за точноста на информациите коишто ги приложил студентот. Во случај кога пополнетиот образец не е потврден со печатот на факултетот, односно кога студентот аплицира самостојно, тој мора да достави доказ за сите информации коишто се бараат од него, поконкретно - лични податоци за контакт, доказ дека е студент и доказ за семестарот во кој е запишан, како и доказ за досега постигнатиот просечен успех на студиите.
При одобрување на пријавите, ќе се има предвид редоследот на пријавени студенти, нивниот успех, како и соодветната застапеност на високообразовните установи.
Обрасците за пријава за вршење практична работа во Народната банка се доставуваат до Архивата на Народната банка на Република Македонија или по пошта на следнава адреса: бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје, најдоцна до 24 април 2015 година, со назнака „за практична работа“.