09/05/2013

Народна банка на Република Македонија организира пракса за студенти од областа на информатичките технологии, правото или економијата, која ќе се одржува во период од 1 јуни до 30 август 2013 година. Практичната работа на еден кандидат може да трае најмногу 30 дена. Кандидатите при аплицирање потребно е да предадат Образец за аплицирање за практична работа во НБРМ заверен од Факултетот. Образецот можете да го најдете на овој линк[PDF], а може да се најде и на веб страната на НБРМ. Заинтересираните кандидати потребно е пријавите да ги достават до архивата на НБРМ или по пошта на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, Скопје, најдоцна до 15 мај 2013 година, со назнака „за практична работа“.