
Компанијата PayNet објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
PayNet e компанија која на пазарот нуди единствена можност за влез и развој на македонскиот платежен пазар со тенденција за проширување на нивните деловни активности во соседните земји.
Компанијата има солидна експертиза во телекомуникациската индустрија особено во делот на системите за брза наплата и се посветени на развој на овој деловен сегмент во Македонија.
Системот за брза наплата кој ќе го имплементираат во Р.Македонија ќе поседува мрежа од околу 2.000 платежни терминали-киосци за самопослужување, распространети на цела територија на Република Македонија, кои ќе прифаќаат (готовина и картички) и ќе процесираат уплати за даноци, такси и давачки, рати за кредити и кредитни картички, услуги за мобилна телефонија, комунални услуги, интернет, кабловска телевизија, осигурителни услуги и сл.
Овие платежни терминали се позиционирани како One Stop Solution, едно решение за сите потреби за плаќање. Киосците (исто така познати како Терминали за наплата) ќе бидат достапни 24/7, 365 дена, со присуство и во најстрогите централни градски подрачја и во најодалечените рурални области.
Компанијата воедно нуди:
- Ефикасен и безбеден систем за наплата во текот на 24 часа од денот.
- Обезбедување на вредни информации за пазарот преку едноставен кориснички интерфејс.
- Предност во искористување на терминалите како средства за промовирање и информирање за нови производи кои компанијата сака да ги понуди на корисниците на услугите на терминалите на брза наплата.
Компанијата има потреба од самоиницијативни, снаодливи и тимски работници со развиени и аналитичкии и комуникациски способности, упорни и енергични кои сакаат да му се приклучат на тимот како практиканти со можност за понатамошно вработување.
Заинтересираните кандидати потребно е да го испратат своето CV на оваа e-mail адреса.