Компанијата Македонски Телеком АД Скопје објавува конкурс за практична работа и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Праксата се изведува во продажните салони на Македонски Телеком во следниве градови: Скопје, Гостивар, Струга, Куманово, Тетово и Кочани. Потребни се вкупно осум студенти кои ќе бидат ангажирани во делот за маркетинг на терминалите за наплата поставени во продажните центри. Кандидатите треба да поседуваат добри презентациски способности и да имаат позитивен став.  Избраните кандидати ќе започнат со активности од 01.09.2015 год., а за периодот во кој ќе бидат ангажирани ќе добијат соодветен паричен надомест и ангажманот ќе се регулира со договор за пракса. Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку следниот емаил.