09/10/2015

ИТ секторот при компанијата Македонски Телеком АД Скопје објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата има потреба од практикант кои ќе работи во период од неколку месеци со можност за продолжување на ангажманот до максимум една година.
Во периодот на ангажман, избраниот кандидат ќе има задача да ги извршува следните активности:
- Одржување и мониторирање на Appian WF’s системот;
- Следење на процесите кои се имплеменитрани и мали измени на процесите;
- Одржување на системот за управување со документи и следење на дневните процеси;
- Изработка на прашалници за интерна употреба во порталот Share point;
- Останати активности поврзани со ERP/DWH доменот.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат своја биографија со назнака „Пракса во ИТ“ на sonja.kargova@telekom.mk.