Софтверската компанија Сеавус објавува нов циклус обуки за Јава кои ќе започнат кон крајот на март 2016 г. во Скопје. Обуката, која е дел од Програмата за таленти на Сеавус, е наменета за дипломирани студенти или студенти на последна година на техничките факултети во земјава.
 
 
Предвидено е да трае 12 дена со четири часовни интерактивни сесии и практични работилници, вклучувајќи работа со Hibernate, Spring и обука за Unit Testing. Учесниците ќе добијат знаење и искуство за развој на апликации и ќе имаат можност да ја продолжат својата професионална кариера во Сеавус.
 
Компанијата ги повикува сите амбициозни и мотивирани млади луѓе да аплицираат со пополнување на електронска пријава најдоцна до 7 март 2016 г. (понеделник) на веб страната:http://www.career.seavus.com/.