30/10/2012

Компанијата CodeWell објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе детали за огласот можете да најдете во текстот што следува.
Компанијата CodeWell, софтверска компанија за развој на мобилни апликации има потреба од вработување на човек на работна позиција Андроид програмер.
Потребни квалификации:
- ВСС или последна година од студии на информатика или компјутерски науки
- Одлично познавање на Java програмскиот јаизк
- Познавање на објектно ориентирани концепти и шаблони за дизајн на софтвер
- Познавање на теоријата на алгоритми
- Креативност при изнаоѓање на решенија на даден проблем - смислување или користење на некои постоечки алгоритми од дадената област
- Одлично познавање на концептите на Android оперативниот систем
- Одлично познавање на Android SDK
- Минимум 1 година искуство со креирање на Android мобилни/таблет апликации
- Познавање на XML
- Одлично познавање на англиски јазик
Се охрабруваат студентите на ФИНКИ кои сакаат да работат во млад тим, со позитивна атмосфера да испратат свое CV на англиски јазик на info@codewell.mk.
Огласот е валиден до 15.11.2012.