
Компанијата eSoft Solution нуди отворени позиции за работа и пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Компанијата вработува програмер кој има познавања на следните технологии: Visual C#, ASP.net, MVC, Linq to SQL, Microsoft SQL Server, Web API, HTML 5, CSS 3. Кандидатите кои ќе се пријават ќе добијат задача која ќе треба да ја решат. Пожелно е заинтересираните кандидати да имааат 1 година работно искуство.
Работни задачи на вработениот ќе бидат одржување и развој на постоечките софтверски апликации, презентирање идеи за нивно подобрување, соработка со аналитичари, дизајнери и други програмери, изработка на детални спецификации и ппрограмирање, тестирање во развојна и реална околина на производите, подготовка на упатства за користење.
Огласот е активен до 30.04.2015 година.
Покрај позицијата за работа, компанијата нуди пракса за Windows и Web програмери. Заинтересираните кандидати потребно е да го испратат своето CV на dimitar.jovanovski@esoft.com.mk со назнака „За студентска пракса“.