Компанијата Lionbridge објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Lionbridge е водечка компанија за креирање на решенија за превод и развој на софтверски решенија за обработка на природни јазици. Компанијата има потреба од лингвист на македонски јазик и пресметковен лингвист. Кандидатите потребно е да имаат завршено високо образование или магистерски студии, да говорат македонски јазик, искуство со технологии за обработка на јазик, искуство со скриптен јазик (Python, XML, Regular expression), искуство со анотации, речник и терминологии, одлично познавање на англиски јазик.

Сите заинтересирани потребно е да пратат свое CV на jobs.tenoere@lionbridge.com заедно со вашата плата за работа по саат.