Компанијата Loging Electornics објавува отворен конкурс за работа за работните позиции „Надворешен соработник за анализа на податоци и развој на маркетинг стратегија согласно Google analytics“, „Техничко лице за продажба“ и „Раководител на техничка поддршка“ и ги повикува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Повеќе детали за работните позиции може да добиете во текстот што следува.
 
 
Надворешен соработник за анализа на податоци и развој на маркетинг стратегија согласно Google analytics
Логинг Електроникс бара креативна личност за која маркетингот е прекрасна алатка за генерирање резултати, а воедно ќе има слобода, работа и личен комфор.

Успешната продажба да биде Ваша мотивација за поголема лична сатисфакција, а заедничките цели наш обостран интерес. 

 

Техничко лице за продажба

Логинг Електроникс бара личност која знае да им помогне на нивните купувачи а во овој наш свет на технологијата сака да научи многу повеќе од тоа што сонувал. 
 

Раководител на техничка поддршка
Логинг Електроникс бара комуникативна личност која знае што се рокови. Ефективната дијагностика, топлиот збор и позитивната енергија се алатките кои ќе ги користи за решавање на најголем дел од проблемите.

Повеке за работните позиции, како и за условите и начинот на аплицирање ќе најдете на веб-страница www.loging.mk