Компанијата Pelagus IT објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Подетални информации за работното место, како и информации за компанијата можете да добиете во текстот што следува.
 
Седиштето на Pelagus IT е во Љубљана, но во рамките на групата оперираат поврзани фирми во Македонија и Србија. Компанијата нуди квалитетни услуги од подрачјето на ИКТ, пред се развој и имплементација на деловни апликации од различни бизнис домени, засновани на модерни open-source технологии. Компанијата може да се пофали со повеќе интернационални проектни искуства.
 
Компанијата има потреба од развивач на софтвер кој ги поседува следните вештини:
  • добро познавање на Java SE/EE технологии и алатки за развој
  • добро познавање на релациски бази, предсе Oracle, MySql и SQL Server
  • искуство од развој на мобилни апликации за Android и iOS
  • искуство и знаења од SOA технологии (web servises и оркестрација)
  • најмалку 2 години работно искуство и универзитетска диплома или надоместливо работно искуство и знаења 
Сите заинтересирани кандидати потребно е да го испратат своето CV на info@pelagus-it.com