23/09/2015

Компанијата Ре-актив објавува отворен конкурс за практиканти, при што ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение. Целосниот оглас можете да го погледнете на овој линк[PDF].
РЕ-АКТИВ ДОО е софтверска компанија чиј главен фокус е развој на бизнис регистри. Во моментов ги повикуваме студентите на ФИНКИ кои се при крајот од своите студии да аплицираат да аплицираат за позиција помлад системски администратор и за помлад софтверски инженер.
Компанијата има потреба од вработени кои ќе работат на позициите Помлад системски администратор и Помлад софтверски инженер.
ПОМЛАД СИСТЕМСКИ АДМИНИСТРАТОР
Одговорности
- Надзор на ИКТ инфраструктура
- Развој на ИКТ инфраструктура
- Имплементација на проектни решенија
- Интервенција при настанат проблем кај работните станици и периферните уреди
- Спроведување на пропишани мерки во случај на настанат проблем
- Истражување на нови технологии
Квалификации
- Основно познавање на Windows серверска технологија
- Основно познавање на технологии за виртуелизација
- Основно познавање на мрежни технологии
ПОМЛАД СОФТВЕРСКИ ИНЖЕНЕР
Одговорности
- Пишување и подобрување на изворен код
- Изведување на тестови за сегменти од изворниот код (unit tests)
- Имплементација на развојните задачи
- Корекција на грешки
Квалификации
- Основно познавање на .NET Framework, C#, ASP.NET, Visual Studio, JavaScript, jQuery, HTML, CSS
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат биографија и мотивациско писмо на оваа e-mail адреса.