07/06/2013

Компанијата SolidPass објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата SolidPass е Турска IT компанија со канцеларија во Скопје и во овој момент има потреба од мрежен и систем инженер.
Кандидатите потребно е да имаат познавање од мрежни топологии и искуство со конфигуриарање на рутери (рутирачки протоколи како и искуство со NAT), познавања на TCP/IP, искуство со Windows AD, напредни Linux вештини (инсталирање и одржување на апликации на различни Linux дистрибуции), поседување на сертификати како CCNA, LPC-2, MSCE ќе се сметаат како плус.
Заинтересираните кандидати потребно е да пратат CV на англиски јазик на следниот email: careers@solidpass.com.