Во периодот од 28.03 до 01.04 2013 година, се одржаа 16-тите Македонски Студентски Игри организирани од Студентскиот Парламент на Универзитетот Св Кирил и Методиј. На овој спортски настан учество земаа сите факултети на Универзитетот Св Кирил и Методиј како и останатите универзитети во Република Македонија. Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) на овие игри докажа дека се стреми кон големи успеси не само во информатичкото општество, туку и во областа на спортот и културата. ФИНКИ може да се пофали со златен медал во одбојка (мажи) како и бронзен медал во пинг-понг (жени) со што учесниците студенти од овој факултет се меѓу најдобрите спортисти на техничкиот кампус на УКИМ и во Македонија. Кој би рекол дека компјутерџиите знаат да играат да покажат квалитетен спорт.