Според податоците од Агенцијата за вработување на РМ, професијата програмер-информатичар е најбарана професија во Македонија, а со тоа и професија со која најлесно се доаѓа до работа. Согласно податоците на Агенцијата во однос на пополнети и слободни работни места по струки со завршено високо образование, пресметано заклучно со 31.05.2011 година, во Македонија се пополнети само половина од објавените работни места за кои се бара дипломиран програмер-информатичар.
 
 /> </div>
<div style= 
Преглед на пополнети и слободни работни места по струки со завршено високо образование (состојба од 31.05.2011, Агенција за вработување на РМ)
 

Министерството за образование на својата прес конференција апелираше идните бруцоши при изборот на својата идна професија да имаат предвид кои професии се најбарани на пазарот на трудот. Од Министерството потенцираат дека изборот на занимање е неприкосновен личен избор и слобода на секој граѓанин, но потсетуваат дека одлуката треба да се базира и врз проценките за брзо и лесно вработување, заработка и приспособување на потребите на пазарот на трудот. Изборот на една од бараните професии на самите бруцоши ќе им понуди поголема перспектива и ќе им овозможи подобар животен стандард, а од друга страна ќе помогне и во надминувањето на несразномерноста помеѓу изборот на професиите и работните места.

Основна цел и дејност на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство е развојот на информатичката наука и технологија во Македонија и креирањето квалитетни ИТ кадри. Факултетот како дел од УКИМ е најголем и најпрестижен ваков факултет во Македонија, а исто така е и меѓу најголемите факултети за информатичка технологија во регионот. Во учебната 2011/2012 година, Факултетот располага со 830 слободни места за нови студенти, кои по дипломирањето ќе станат инженери по информатички технологии, односно информатички науки.