Нордеус, компанијата која стои зад играта „Top eleven - Be a football manager“, најпопуларната спортска онлајн-игра на светот, го организира 4-от по ред „Нордеус хакатон“, натпревар во брзо програмирање видео игри, воедно и ги повикува сите заинтересирани тимови и поединци да се пријават за учество. Овогодинешниот натпревар се одржува на 13 декември, а сите учесници ќе имаат можност да направат игра во рок од 24 часа во просториите на „Нордеус“ во Белград. Сите натпреварувачи ќе се борат за многу вредни награди. Наградниот фонд изнесува нас 10.000 евра!

Ќе се натпреваруваат 12 тимови во создавање најдобра видео игра на дадена тема која ќе биде откриена на денот на натпреварувањето, а победниците ќе освојат многу вредни награди за своите труд и знаење, меѓу кои се и таблети, мобилни телефони, конзоли за играње, опрема за играње и друго. Сите натпреварувачи, односно тимови, добиваат сопствен простор, како и опрема, храна, пијалоци и друго. Кога ќе посакаат, тие ќе може да се одморат со видео игри, билијард или друга игра во собата за релаксација. По 24 часа, тимовите ги претставуваат своите игри во презентација и жирито ја донесува одлуката за победниците во категориите, но и на целокупното натпреварување.

За сите победници се обезбедени вредни награди, но целта на хакатонот е тимовите да покажат знаење, иновативност и способност за работа под притисок. Освен тоа, главната задача на хакатон е да покаже дека и во нашиот регион постојат многу талентирани програмери и дизајнери кои не заостануваат позади колегите ширум светот.

Повеќе информации можете да добиете на овој линк. Пријавувањето трае до 24.11.2014.