
Италијанската компанија АЛОСИС КОМУНИКЕЈШНС С.р.л. планира да отвори подружница во Македонија и организира обука во своето седиште во Рим за Business Intelligence на корпорацијата Oracle, чиј Златен партнер е Алосис. Подружницата во Македонија ќе се занимава на техничка и функционална експертиза на таквата платформа.
Обуката се состои од тримесечно стажирање во седиштето на Алосис Комуникејшнс во Рим, после што ќе уследи работно ангажирање во подружницата во Македонија. Компанијата е, во овој момент, заинтересирана за идентификување на четири инженери кои дипломирале на ФИНКИ, со или без работно искуство. Работното искуство од областа на Business Intelligence на Oracle, или на друга платформа, ќе претставува предност при вработувањето. Обуката ќе започне во септември 2014 година и ќе заврши до крајот на годината.
За обуката во Рим предвидено е следното:
- тренинг и работа на одедени реални проекти
- учество натест за испит за првиот сертфикат на Oracle, кој е меѓународно признаен
Краен рок за пријавување е 31.08.2014 година до 12:00 часот. Пријавите треба да се достават на оваа e-mail адреса. Биографијата (CV) мора да биде напишана на англиски јазик и не подолга од три страници, во формат А4, проследена со фотографија.
Организацијата на обуката го предвидува следното:
трошоците за храна, сместување во соодветен објект и повратен билет Скопје-Рим-Скопје ќе бидат дадени од Алосис.
Учесниците ќе добијат месечен надомест и претплатен билет за локален превоз во Рим.
Од сите кандидати кои ќе имаат валидни кандидатури, ќе се бара да полагаат on-line тест во времетраење од околу 1 час, на општи и стручни теми кои се однесуваат на основно познавање на: Бази на податоци RDMS, складишта на податоци, OLAP апликација, итн. За учество на тестот кандидатите ќе бидат известени од контакт лице во Македонија (г-дин Димче Николов).