Објавен е одговор на приговорите за технички пропусти по објавената прелиминарна ранг листа на кандидати во првиот уписен рок од учебната 2013/2014 година. Соопштението можете да го погледнете во текстот што следува.

До Комисијата за жалби на ФИНКИ, во предвидениот рок до 23.08.2013 до 14:00 часот, пристигнаа вкупно 6 приговори за технички пропусти по објавената прелиминарна ранг листа на кандидати во учебната 2013/2014, за прв уписен рок.

Прифатени се приговорите за кандидатите со пријави под реден број: 12641 и 12685.

Не се прифатени приговорите за кандидатите со пријави под реден број:

  • 16761 (рангирањето е направено со почитување на изборот на кандидатите, а потоа согласно поените во рамките на изборот),
  • 16244 (поените се доделуваат и пресметуваат согласно правилата во конкурсот на УКИМ)
  • 14848 (рангирањето е направено со почитување на изборот на кандидатите, а потоа согласно поените во рамките на изборот)
  • 10631 (рангирањето е направено со почитување на изборот на кандидатите, а потоа согласно поените во рамките на изборот) 

Комисија за жалби на ФИНКИ, Скопје 23.08.2013