Во петок, 6.11.2015 во 12 ч. во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи покането предавање на тема Рамномерна распределба на низи од страна на проф. Васил Грозданов, доцент на Катедрата по математика на Природно- математичкиот факултет на Универзитетот “Неофит Рилски” во Благоевград, Бугарија. Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на настанот. Во прилог е и кратка биографија на проф. Васил Грозданов: Д-р Васил Станков Грозданов е доцент на Катедрата по математика на Природно- математичкиот факултет на Универзитетот “Неофит Рилски” во Благоевград, Бугарија. Неговите научни интереси се насочени кон рамномерно распределените низи, квантитативните мерки за рамномерна распределба - дискрепанси, квадратни дискрепанси, дијафонии, како и кон примената на тие низи во нумеричката математика- методи на Квази Монте Карло за нумеричко интегрирање. Дипломирал на Математика на Универзитетот 'Паисиј Хилендарски' во 1986 г. во Пловдив, а докторирал во 1998 година на Универзитетот 'Климент Охридски' во Софија. Д-р Васил Грозданов бил два пати на специјализација во Institut de Mathematique de Luminy, Marseille, France, во 1997 и 2002 година. Бил научен раководител на три докторанти и ментор на повеќе магистранти и дипломци. Автор е на повеќе научни трудови и неколку учебници од областа на матемaтичка анализа.