Компанијата Printec ги повикува заинтересираните студенти на ФИНКИ да се пријават на огласот за платена пракса. 
 
Праксата ќе биде во траење од 3-6 месеци во зависност од кандидатите (колку брзо би можеле да се снајдат во новата околина), по што доколку има успешни кандидати на истите ќе им биде понудено постојано вработување. Во моментов компанијата има потреба од најмалку двајца кандидати.