Хаклабот КИКА организира курсеви по програмирање во Python и ги поканува студентите на ФИНКИ да учествуваат на предавањата. Курсот е предвиден да трае 6 недели, односно една сесија неделно од по 2 часа. Се работи за основен курс за кој не е потребно некое предзнаење, а предавањата ќе ги одржи Благој Петрушев.

Курсот започнува на 24 октомври и ќе се одржува секоја среда во хаклабот КИКА, со почеток од 19 часот. На овој курс присутните ќе може да се запознаат со концептите на програмирањето, основните делови на Python и некои корисни алатки кои ќе бидат потребни за пишување на програми.

Цената на курсот за студентите на ФИНКИ е 2.250 денари и сите средства одат за поддршка на хаклабот КИКА, а секој заинтересиран може да се пријави со пополнување на овој формулар.

Повеќе информации за курсот можете да добиете на официјалниот вики за слободен софтвер.

Повеќе информации за програмскиот јазик Python можете да добиете на следниот линк.