12/09/2013

Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на првиот акдемски час за академската 2013/2014 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Првиот час ќе се одржи во Кино Милениум на 16.09.2013 година, со почеток во 10:30 часот.
Програма
10:30 Отворање на настанот
10:35 Обраќање на претставници од Студентскиот парламент
10:40 Обраќање на Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов
10:50 Обраќање на претставници на G6 Solutions: Компанија која освои прво место на глобално ниво на Samsung Smart App Challenge 2012 во категоријата развој на мобилни апликации.
11:05 м-р Сашко Целаковски, Извршен директор и ко-основач на компанијата ИТГМА.
11:30 Затворање на настанот