Почитувани бруцоши, ни претставува особена чест да ве поканиме да присуствувате на првиот акдемски час за академската 2015/2016 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

На настанот како гости свое обраќање ќе имаат Steve Cockram, ко-основач на GiANT Worldwide, консултантска куќа фокусирана на градење лидерство и корпоративна култура, а во моментот ангажирани кај софтверската компанија Ендава во Скопје и Хајан Селмани, сопственик на Haselt, брзорастечка македонска софтверска компанија.  

 

Првиот час ќе се одржи во Кино Милениум на 15.09.2015 година, со почеток во 11:00 часот.