Почитувани,

ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на прославата на третиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Овогодинешната прослава ќе се одржи во Драмскиот театар на 31 март со почеток во 11 часот. На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од оваа година, како и ќе бидат доделени награди на најдобрите студенти. Се молат сите кои што ќе присуствуваат на свеченост да дојдат во Драмскиот театар пред 11 часот.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје