Компанијата Polar Cape во соработка со ФИНКИ објавува оглас за доделување на стипендија на студент со завршена прва година на додипломски студии на ФИНКИ.
 
Polar Cape е Шведска компанија која од неодамна има отворено претставништво во Македонија од каде нуди ИТ решенија за своите интернационални клиенти. Polar Cape се специјализира во областа на Системска интеграција и Busines Support Systems и работи на имплементација, тестирање и поддршка на системи кои се користат во Телеком, Финансиски сектор како и интернационални компании кои работат со трговија на мало. Polar Cape ќе додели стипендија на студент со завршена прва година на додипломски студии на ФИНКИ. Студентот ќе добива 8.500 денари месечно во времетраење од девет месеци од Март до Јули и од Септември до Декември 2013.

Критериуми за добивање на стипендијата:

  • Висок просек и положени испити од прва година 
  • Одлично владеење на Англиски јазик
  • Изработени проекти или идеи за проекти релевантни во областа на Polar Cape
  • Да не прима други стипендии во 2013 година
  • Студентот мора да заврши втора година во предвидениот рок
  • Студентот мора да биде запишан на ФИНКИ во учебната 2011/2012 година

Сите заинтересирани студенти потребно е да пратат:

  • CV со листа и опис на проекти
  • Мотивационо писмо со идеи за работа во Polar Cape
  • Листа на положени испити и пресметан вкупен просек
  • Изјава дека не е корисник на друга стипендија
Документите треба да се пратат во електронска форма и на англиски јазик на finki.scholarship@polarcape.com најдоцна до 31 Јануари 2013 година. Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на интервју.