Уште слободни места за втората бесплатна работилница во Скопје во рамки на Наградата за социјално претприемништво 2015!

Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.

Втората работилница ќе биде оддржана на 4ти февруари на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство - ФИНКИ и ќе биде во времетрање од 12:00 ч. до 15:00 ч.

Пријавете се со пополнување на следната пријава: http://goo.gl/uK0yJm

Во прилог ви ги најавуваме тренерите кои ќе ги водат работилниците:

    • Antoaneta Ivanova – координатор на Наградата во Македонија 
    • Dušan Janković – координатор на Наградата во Србија 
    • Diego Heatherman – координатор на Наградата во Австрија 
    • Bistra Kumbaroska – регионален координатор на Impact Hub мрежата во Виена