04/11/2015
На 05.11.2014 година (четврток) ќе се одржи спортско-рекреативен, забавен и хуманитарен ден, 31-тa по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2015 година”.
Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.
На целта на Средно Водно е обезбеден чај, а нашите колеги студенти од Факултетот за музичка уметност ќе организираат забава.
Стартот на планинарската тура е со почеток во 10:00 часот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), а учесниците треба да бидат присутни пред институтот во 9:30 часот.
Учеството е особено препорачано за студентите од прва година на факултетите, но поканата се однесува на сите студенти и вработени од УКИМ.