12/09/2012

Универзитетот во Осло, во рамките на соработката на Норвешка и Македонија, односно соработката со УКИМ, нуди до 6 комплетни стипендии на студиските програми од втор циклус по информатика, за летниот семестар 2012-2013, за студенти на втор циклус на ФИНКИ и тоа (4+1) и (3+1+1 доколку веќе имаат освоено вкупно 240 кредити).
Сите заинтересирани студенти, најдоцна до 20.09.2012 да достават пријава до ФИНКИ, во која ќе наведат:
- на која студиска програма студираат и во кој семестар
- која студиска програма ја завршиле на додипломски студии
- просек на додипломски студии
- список на положени предмети со оценки на втор циклус
- телефон или е-mail за контакт.
Документите да се достават и во електронска форма и до проф. д-р Жанета Попеска, zaneta.popeska@finki.ukim.mk
Освен академските постигнувања, кандидатите треба да полагаат или да имаат положено IELTS тест за познавање на англиски јазик со најмалку 6.
Термнини за IELTS тестот се:
- 27 октомври 2012
- 17 ноември 2012
- 01 декември 2012
Трошоците за тестот се покриени од Универзитетот во Осло, откако вашите имиња ќе бидат потврдени од ФИНКИ. За тестот треба да се пополни документот во прилог и да се направи електронска пријава согласно договорот даден во прилог. Информации за стипендиите можете да најдете на брошурата дадена во прилог. Истата може да ја подигнете и во службата за студентски прашања на ФИНКИ на ТМФ, или во соба 161 на ПМФ.
За подетални информации околу програмата можете да се обратите до проф. д-р Жанета Попеска, на zaneta.popeska@finki.ukim.mk.
Прилог: Брошура за Универзитетот во Осло, Норвешка.
Прилог: Формул за аплицирање
Прилог: Формулар за IELTS
Прилог: Договор British Counsil