23/09/2015

Во последните 24 месеци, мала група на ентузијасти, професори од 5 различни земји работи посветено и напорно за да испорачаат иновативен и интересен веб-базиран систем за пренесување на стекнатото знаење кое ќе помогне во справувањето со секојдневните биопсии и решавањето на проблеми и ситуации од реалниот живот со кои се соочуваат вработените патолози. Имено, проектот „Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци – ХИПОН“ е кофинансиран од Програмата за доживотно учење на Извршната едукативна аудивизуелна и културна агенција на Комисијата на Европска унија, предводен од Проф. Д-р. Андреас Ц. Лазарис од Факултетот за медицина на Националниот Кападостриан Универзитет во Атина. Останати партнери на проектот се: Факултетот за медицина на Универзитетот во Загреб, Хрватска, Медицинскиот центар на Универзитетот Радбоунд од Холандија, Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитот „Св.Кирил и Методиј“ од Македонија.
По доставување на извештајот за напредок, ХИПОН беше успешно презентиран за време на 26-тиот Европски конгрес за патологија во Лондон, кој се одржа во септември 2014 година, со постер под наслов 'Стекнување дијагностичко искуство за бубрежна неопластична патологија преку ХИПОН веб курсот'. ХИПОН беше презентиран и на 30-от конгрес на Меѓународната академија за патологија (IAP) 2014, во Бангкок, Тајланд, на почетокот на октомври 2014 година. На IAP конгресот, образовната стратегија на ХИПОН беше презентирана преку постер со наслов 'Стекнување дијагностичко искуство во плацентната патологија преку ХИПОН веб курсот'; Вториот постер првично беше прифатени за дигитална презентација, но потоа беше избран од страна на Научниот комитет како еден од 17-те од вкупно 400 постери за дополнителна усна презентација.
На почетокот од последната година од проектот, по одличната повратна информација од страна на оценувачите на EACEA во извештај за напредокот на проектот, како и успешните постер и усни презентации, започнува фазата на тестирање на ХИПОН платформата со сите негови карактеристики. Врз основа на информациите добиени од 'најсреќните' кои веќе го пробаа, ХИПОН Конзорциумот почна да размислува за продолжување на проектот и можно спојување со некои други, комплементарни проекти од Програмата за доживотно учење. Со овие пријатни мисли и позитивна енергија, ХИПОН Конзорциумот Ви посакува просперитетна 2015 година, исполнета со ХИПОН!
