Проектот „ИКТ Е-модули за хистопатологија: значајна онлајн алатка наменета за студенти, истражувачи и професионалци – ХИПОН“, предводен од Вон. Проф. Д-р. Андреас Ц. Лазарис од Факултетот за медицина на Националниот Каподостриан Универзитет од Атина со партнерите од Факултетот за медицина на Универзитетот во Загреб, Хрватска, Медицинскиот универзитетски центар Радбејд од Холандија, Центарот за напредно истражување и развој во образовната технологија, (CARDET) од Кипар и Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Македонија,е кофинансиран од Програмата за доживотно учење на Извршната едукативна аудивизуелна и културна агенција на Комисијата на Европска унија во период на времетраење од 3 години, од јануари 2013 до декември 2015.
 
Основната идеја на ХИПОН проектот е да се следат мешани начини на учење, користејќи ги најдобрите карактеристики на ИКТ системот (е-модули, онлајн игра, виртуелно портфолио, хисто-книга) во комбинација со големата стручност на креаторите на содржини, со цел да се направи процесот на учење патологија поинтересен и попрактичен.Проектот е целосно ориентиран кон крајните корисници; студентите, специјализантите и патолозите.По 3 години напорна работа, патолозите кои се вклучени во овој проект, заедно со ИТ експертите и експертите за иновативни дизајни за учење, развија самостојна, добро структурирана и едноставна за користење, мулти-јазична платформа за е-учење, обезбедувајќи вредна алатка за подучување на студенти, истражувачи и професионалци.
 
Проектот ХИПОН дојде до својот крај, но секој крај е само нов почеток ... 
 
Целосното соопштение може да го погледнете на следниот линк.