И покрај тоа што постојат мноштво извори на информации на теориско ниво, постои недостаток на сигурна веб платформа за учење, која ќе го пренесува правилниот начин на размислување во Патологијата и начинот на организирање на клиничките патолошки наоди за да се дојде до сигурна дијагноза.
 
 
 
ХИПОН е наменет за да ги научи студентите по медицина, патолозите обучувачи и професионалците, на правилниот начин на пристапување кон микроскопските снимки на ткива и клетки, односно како да ја препознаат основната патека на повреда и да направат корелација на општиот модел со основните механизми на болеста и клиничките податоци. Премногу често, стажантите на патологија, погрешно го разбираат значењето на нивните микроскопски наоди и не можат да направат разлика кои се најкорисни наоди за поставување точна дијагноза, дури и по 2-3 години професионално искуство во областа; потребно е да помине многу време и вистинска посветеност за да го стекнат потребниот капацитет и да станат „искусни“. Грешките што се јавуваат на почетокот на кариерата на патолозите, може да чини време, пари или влошување на здравјето на луѓето. Можноста да се пренесе ова професионално искуство преку платформа за учење/ повеќе алатки, искористувајќи ја предноста на модерената технологија на снимки е предизвикувачка задача и до сега не беше достапна за критичната маса на патолози.
 
 
Основната идеја на ХИПОН проектот е да се следат мешани начини на учење, користејќи ги најдобрите карактеристики на ИКТ системот (е-модули, онлајн игра, виртуелно портфолио, хисто-книга) во комбинација со големата стручност на креаторите на содржини, со цел да се направи процесот на учење патологија поинтересен и попрактичен. Проектот е целосно ориентиран кон крајните корисници; студентите, специјализантите и патолозите. По 3 години напорна работа, патолозите кои се вклучени во овој проект, заедно со ИТ експертите и експертите за иновативни дизајни за учење, развија самостојна, добро структурирана и едноставна за користење, мулти-јазична платформа за е-учење, обезбедувајќи вредна алатка за подучување на студенти, истражувачи и професионалци.
 
Повеќе информации за резултатите од ХИПОН проектот може да видите во видеото кое е во прилог.