Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
 
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
 
    1. Висока стручна подготовка- ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) со или без работно искуство
    2. Возачка дозвола (Б категорија)
    3. Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
    4. Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
    5. Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
    6. Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
    7. Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
 
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на e-mail:
 
office@smartsolutions.com.mk или по пошта на следнава адреса:
 
Smart Solutions
ул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1
1000 Скопје
 
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Повеќеи нформации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk