Компјутерски науки и инженерство
Промените во областа на компјутерските науки и инженерство. никогаш не биле подинамични. Новите информациски технологии се развиваат постојано, при што нивниот трансфер допира насекаде во светот и се одвива со изразена временска динамика. Современите истражувања и студии во областа на инженерството, на светско ниво, како главен предизвик го имаат развојот на нови напредни технологии и методолгии кои ќе обезбедат современи решенија во областите на информациските и комуникациските технологии.
Во наставниот процес на студиската програма за докторски студии по компјутерски науки и инженерство ќе се следат светските и европските текови во високото образование на докторски студии и потребите на општеството. Таа се темели на современите научни сознанија во областа со што на студентите ќе им овозможи стекнување напредни научно-истражувачки, теоретски и практични знаења, како и да ги оспособи со истражувачки вештини, нови инженерски знаења и менаџерски вештини.
Со ваквата студиска програма се стремиме да ги поставиме во фокусот идните предизвици на информатичките науки и компјутерското инженерство кои може да бидат совладани преку континуирана надградба која, пак, е можна само врз база на современите научни сознанија.
-
- Назив на предлагачот:Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: Академски студии од трет циклус по Компјутерски науки и инженерство
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
- Поле: компјутерски техника и информатика
- Област: Компјутерски науки и инженерство
- Вредноста на докторските студии изнесува 180 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите:3 години, 6 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првата година се состои од наставни предмети, додека втората година се подготвува и пријавува докторската дисертација по што следи истражување, објавување резултати и пишување и одбрана на тезата. Секој година има и докторски семинар и годишна конференција со презентација на извештај.
- Услови за запишување на студиите: Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
- завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
- завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
- стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
- остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии);
- познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Доктор по техничко-технолошки науки, специјалност компјутерски науки и инженерство
Година на студии | Семестар | Активност | ЕКТС |
I | 1 | Научно-истражувачка етика | 4 |
Методологија на научно-истражувачка работа (од областа на КНИ) | 4 | ||
Изборен предмет за стекнување на генерички знаења* | 4 | ||
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
2 | Изборен стручен предмет** | 7.5 | |
Изборен стручен предмет | 7.5 | ||
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација) | 14 | ||
Годишна конференција со презентација на извештај | 2 | ||
II | 3 | Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторска дисертација | 28 |
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
4 | Работилница за истражувачка практика | 3 | |
Истражување и објавување резултати | 25 | ||
Годишна конференција си презентација на извештај | 2 | ||
III | 5 | Истражување и објавување резултати | 28 |
Докторски семинар со презентација | 2 | ||
6 | Работилница за истражувачка практика | 3 | |
Пишување и одбрана на тезата | 25 | ||
Годишна конференција со презентација на извештај | 2 |
* Предметот може да се избере од предметите од табела 2 како и од Универзитетската листа на изборни предмети за генерички знаења
** Предметот може да се избере од предметите од табела 3, табела 4, од слободната листа на изборни предмети како и од сите акредитирани предмети од III циклус на студии при Универзитетот
При изборот на стручните предмети мора да се запазат следните правила:
-
- Изборот на стручните предмети се прави во договор со согласниот потенцијален ментор на кандидатот.
- Секој кандидат мора да има избрано стручни предмети така што ќе има минимум 3 (тројца) различни наставници на предметите.
- Еден наставник смее да се појави во својство на наставник на максимално 2 изборни стручни предмети на еден кандидат.
- Дозволено е максимално 2 (два) стручни изборни предмети да се изберат и од друга студиска програма од трет циклус студии при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, при што едниот е во изборниот слот **.
- Во случај на избор на предмети од друга студиска програма, Советот на докторски студии го разгледува изборот на кандидатот и презема мерки за да обезбеди соодветно непреклопување на наставните содржини на избраните предмети.
Код | Предмети | Семестар | ЕКТС | Предуслов | ||
1 | КНИ-Г2 | Раководење со научно-истражувачки проекти | Прв | I | 4 | Нема |
2 | КНИ-Г3 | Пишување научно-истражувачки труд | Прв | I | 4 | Нема |
Нов код | Наслов на предметот | ЕКТС | Семестар |
КНИ-С1 | Визуелизација на информации | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С5 | Мрежи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С6 | Откривање знаење во податоците | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С11 | Технологии за е-бизнис | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С21 | Теми во развој на софтвер | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С28 | Вовед во динамички системи и управување | 7.5 | прв или втор |
Нов код | Наслов на предметот | ЕКТС | Семестар |
КНИ-С2 | Напредни кориснички интерфејси | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С3 | Биоинформатика | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С4 | Математичка биологија | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С7 | Деловна интелигенција | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С8 | Когнитивна роботика | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С9 | Семантички веб и семантички веб сервиси | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С10 | Современи методи за паралелно процесирање | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С12 | Напредни безжични компјутерски мрежи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С13 | Сервисно ориентирани архитектури | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С14 | Напредни поглавја за системи за поддршка на учење на растојание | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С15 | Напредни мобилни информациони системи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С16 | Напредни мултимедиски информациони системи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С17 | Повеќе-агентни системи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С18 | Напредни интелигентни информациони системи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С19 | Компјутерска визија | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С20 | Меко пресметување | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С22 | Интелигентни софтверски алгоритми | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С23 | Еколошко моделирање | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С24 | Просторно-временски анализи со ГИС | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С25 | Процесирање на говор | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С26 | Процесирање и препознавање на слики и видео содржини | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С27 | Напредна обработка на текстуални податоци | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С29 | Скалабилно пребарување и класификација на слики и видеа | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С30 | Рударење на масивни податочни множества | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С31 | Учење со структурни податоци | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С32 | Анализа и еволуција на комплексни мрежи | 7.5 | прв или втор |
КНИ-С33 | Напредни техники во облакот | 7.5 | прв или втор |