Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Во прилог на приjавата, треба да се донесат следниве документи:
- Пријава за запишување од Универзитетот - потпишан образец А1 (розов лист, може да се купи на денот на носење на документите од книжарниците околу факултетот)
- Електронска пријава од факултетот, интерен пријавен лист (отпечатена од iKnow-системот, потпишана)
- Оригинални свидетелства од сите класови на увид и КОПИЈА од истите
- Оригинал документ за положена државна матура (свидетелство за завршено средно образование) на увид и КОПИЈА од истиот
- Оригинал извод од матичната книга на родените на увид и КОПИЈА од истиот
- Оригинал доказ за државјанство на РСМ на увид и КОПИЈА од истиот
- Изјава за веродостојност и точност на копиите од приложените документи
- Изјава за согласност за лични податоци (отпечатена од iKnow-системот, потпишана)
- Потврда за уплатa:
- 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница или преку СМС)
- потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 14:30 часот.