Роден е 1981 година во Кратово. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2005 година. Магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје почнал да работи од 2005 година прво како демонстратор, во 2007 година e избран во звањето помлад асистент, a во 2009 во асистент. Неговите наставни обврски опфаќаат изведување вежби по предмети од областа на структурирано програмирање, објектно ориентирано програмирање, интернет програмирање, кориснички интерфејси, визуелизација и виртуелна реалност. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа учествувал во изработката на повеќе публикувани научно-истражувачки трудови и три поглавја во книги. Полињата на научно-истражувачки интерес вклучуваат обработка на слики и видео, извлекување на визуелни карактеристики за сликите, содржинско базирано пребарување на мултимедијални податоци, машинско учење.