1. Општи информации
Постдипломските студии по Интернет технологии имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на Интернет мрежите, технологиите и безбедноста. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, управување и безбедност на Интернет мрежи и работа со различни видови на најнови технологии вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Интернет технологии
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
- Поле: компјутерски техника и информатика
- Област: информациони системи и мрежи
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити
- Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на Интернет технологии
2. Студии
Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии
РБ | КОД / Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | ИТ-З-01 Анализа на мрежи | IX | З | 6 |
2 | ИТ-З-02 Напредни мобилни и веб апликации | IX | З | 6 |
3 | ИТ-З-03 Интернет безбедност и приватност | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
6 | ИТ-З-04 DevOps во мрежна околина | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
Најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Најмногу еден од изборните предмети може да се избере од Универзитетската листа на предмети од магистерски студии. Најмногу два изброни предмети може да се одберат од предмети понудени на останатите постдипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инеженерство.
Табела 4: Изборни предмети
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.