1. Општи информации
Постдипломските студии по паметни поврзани системи имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на ИКТ инженери со длабоки познавања на паметни системи поврзани преку Интернетот од нешта (IoT). По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, програмирање, управување, тестирање и мониторинг на паметни IoT системи и работа со различни видови на најнови вградливи технологии вклучувајќи ги и новите IoT бизнис аспекти.
- Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
- Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по паметни поврзани системи
- Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко
- Поле: компјутерски техника и информатика
- Област: информациони системи и мрежи
- Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
- Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
- Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
- Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
- Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
- Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
- Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
- Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
- 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
- Бројот на контактните часови е 4
- Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е
– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на паметни поврзани системи
2. Воведувачки слој
Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.
Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој
РБ | Предмет | Семестар | ЕКТС |
1 | Задолжителен предмет 1 од Табела 2 | VII | 6 |
2 | Задолжителен предмет 2 од Табела 2 | VII | 6 |
3 | Задолжителен предмет 3 од Табела 2 | VIII | 6 |
4 | Задолжителен предмет 4 од Табела 2 | VIII | 6 |
5 | Изборен предмет 11 | VII | 6 |
6 | Изборен предмет 21 | VII | 6 |
7 | Изборен предмет 31 | VII | 6 |
8 | Изборен предмет 41 | VIII | 6 |
9 | Изборен предмет 51 | VIII | 6 |
10 | Избор од универзитетската листа слободни предмети | VIII | 6 |
[1] Избор од листите на предмети од воведувачкиот слој на сите магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма, Табела 2, или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по Интернет технологии. Дозволен е само еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.
Табела 2: Листа на предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | Предуслов2 | |
1 | CSEW705 Иновации во ИКТ | V | 6 | ||
2 | CSEW502 Микропроцесорски системи | V | 6 | ||
3 | CSES627 Сензорски системи | VI | 6 | ||
4 | CSEW525 Персонални и Ад Хок мрежи | V | 6 | ||
5 | CSES813 ARM архитектура | VIII | 6 | ||
6 | CSES604 Вградливи компјутерски системи | VI | 6 | ||
7 | CSES608 Дигитално процесирање на сигнали | IV | 6 | ||
8 | CSES405 Безжични и мобилни системи | VI | 6 | ||
9 | CSEW702 Веб базирани системи | VII | 6 | ||
10 | CSEW519 Мобилни платформи и програмирање | VII | 6 |
[2] Насловите на предметите се дадени според наставните планови на додипломските студии на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство, УКИМ, Скопје. Студентите кои завршиле на други институции ќе треба да прикажат положени испити по предмети соодветни на наведените за да ги исполнат предусловите за соодветниот предмет.
По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).
3. Студии
Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии
РБ | Предмет | Семестар | З/И | ЕКТС |
1 | Градење на Интернет од нешта и безбедност | IX | З | 6 |
2 | Системи за аквизација и обработка на податоци | IX | З | 6 |
3 | Паметен град | IX | З | 6 |
4 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
5 | Изборен предмет | IX | И | 6 |
6 | Развивање на IoT апликации и IoT платформи | X | З | 6 |
7 | Изборен предмет | X | И | 6 |
8 | Магистерска тема | X | З | 18 |
Во следната табела се дадени изборните предмети од студиската програма
Табела 4: Изборни предмети
РБ | Нов код / Предмет | Семестар | ЕКТС | |
1 | ПС-И-01 Анализа на податоци од поврзани системи | X | 6 | |
2 | ПС-И-02 Фузија на сензорски податоци | IX | 6 | |
3 | ПС-И-03 Паметна мобилност | X | 6 | |
4 | ПС-И-04 Паметни договори во IoT | IX | 6 | |
5 | ПС-И-05 Паметни енергетски мрежи | IX | 6 | |
6 | ПС-И-06 Паметно и поврзано здравство | X | 6 | |
7 | ПС-И-07 Интернет од Нешта за еко-системи | IX | 6 | |
8 | ПС-И-08 Отворени и поврзани податоци | X | 6 | |
9 | ПС-И-09 Паметни системи за производство и мониторинг | X | 6 | |
10 | ПС-И-01 Паметни финансиски системи и берза | IX | 6 | |
11 | ИТ-И-01 5Г:Безжични мобилни системи од петтата генерација | IX | 6 | |
12 | ИТ-И-04 Е-бизнис | IX | 6 | |
13 | ИТ-И-11 Паметни сензорски мрежи | X | 6 | |
14 | ИТ-И-13 Мрежна виртуелизација и пресметки во облак | X | 6 | |
15 | ИТ-И-18 Наука базирана на податоци | IX | 6 | |
16 | ИС-И-21 Сензорско-роботски системи | X | 6 | |
17 | СИ-И-01 Анализа и предвидување на временски серии | IX | 6 | |
18 | ЕИ-З-03 Имплементација на Географски Информациони Системи | X | 6 |
Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.