1. Општи информации

 

Студиите од втор циклус по софтверско инженерство имаат за цел да обезбедат квалитетно и врвно европско образование и обучување на софтверски инженери кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој, користење и одржување на комплексни софтверски системи. По завршувањето на студиите овие инженери ќе можат да заземат одговорни позиции во процесите на планирање, дизајн, развој и водење на софтверски проекти вклучувајќи ги и нивните бизнис аспекти.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: академски студии од втор циклус по Софтверско инженерство
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко-технолошко (2)
  • Поле: компјутерски техника и информатика (212)
  • Област: софтверско инженерство
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС или 120 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 или 4 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Првиот семестар се состои од наставни предмети, додека вториот има помал број наставни предмети и е резервиран за завршниот проект, т.е. за магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на насоки од полето на информатика или компјутерска техника и информатика кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од универзитетска листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4
  • Академскиот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите е

 

– Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на софтверското инженерство

 

2. Воведувачки слој

Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.

Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој

РБ Предмет Семестар ЕКТС
1 Задолжителен предмет 1 од Табела 2 VII 6
2 Задолжителен предмет 2 од Табела 2 VII 6
3 Задолжителен предмет 3 од Табела 2 VIII 6
4 Задолжителен предмет 4 од Табела 2 VIII 6
5 Изборен предмет 11 VII 6
6 Изборен предмет 21 VII 6
7 Изборен предмет 31 VII 6
8 Изборен предмет 41 VIII 6
9 Изборен предмет 51 VIII 6
10 Избор од универзитетската листа слободни предмети VIII 6

[1] Избор од листите на предмети од воведувачкиот слој на сите магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство

Изборните предмети може да се одберат од предложената листа на предмети на студиската програма, Табела 2, или пак од предложените листи на предмети од воведувачки слој на другите студиски програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Изборот на предмети треба да е направен соодветно на претходните знаења на кандидатот и потребните знаења за продолжување со постдипломските студии по софтверско инженерство. Дозволен е само еден слободен избор на предмет кој се наоѓа на универзитетската листа на предмети за првата година од двогодишни постдипломски студии.

Табела 2: Листа на предмети

РБ Код / Предмет Семестар ЕКТС Предуслов2
1 CSEW522 Напреден веб дизајн VII 6 нема
2 CSEW519 Мобилни платформи и програмирање VII 6 Објектно-ориентирано програмирање
3 CSEW702 Веб базирани системи VII 6 Мрежно програмирање
4 CSEW514 Имплементација на системи со отворен код VII 6 нема
5 CSEW313 Напредно програмирање VII 6 Објектно-ориентирано програмирање
6 CSEW704 Дизајн на интегрирани системи VIII 6 Бази на податоци
7 CSES602 Безбедност на компјутерски системи VIII 6 Оперативни системи
8 CSES616 Мобилни апликации VIII 6 Објектно-ориентирано програмирање
9 CSES631 Софтверски квалитет и тестирањe VIII 6 Софтверско инеженерствo
10 CSES634 Управување со ИКТ проекти VIII 6 нема

 

 

[2] Насловите на предметите се дадени според наставните планови на додипломските студии на Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство, УКИМ, Скопје. Студентите кои завршиле на други институции ќе треба да прикажат положени испити по предмети соодветни на наведените за да ги исполнат предусловите за соодветниот предмет.

По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии – Табела 3 (IX и X семестар).

 

3. Студии

Табела 3: Листа на предметите на постдипломски студии

РБ КОД / Предмет Семестар З/И ЕКТС
1 СИ-З-01 Управување со животен циклус на софтвер IX З 6
2 СИ-З-02 DevOps софтверски развој IX З 6
3 СИ-З-03 Шаблони за дизајн на софтвер IX З 6
4 Изборен предмет IX И 6
5 Изборен предмет IX И 6
6 СИ-З-04 Управување со квалитетот на софтверот X З 6
7 Изборен предмет X И 6
8 Магистерска тема X З 18

 

Најмалку еден изборен предмет треба да се избере од понудените изборни предмети во Табела 4. Најмногу еден од изборните предмети може да се избере од Универзитетската листа на предмети од магистерски студии. Најмногу два изборни предмети може да се одберат од предмети понудени на останатите студии од втор циклус на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Табела 4: Изборни предмети

РБ Нов код / Предмет Семестар ЕКТС
1 СИ-И-01 Анализа и предвидување на временски серии IX 6
2 СИ-И-02 Дизајн на видео игри и визуелни ефекти IX 6
3 СИ-И-03 Медицинска информатика IX 6
4 СИ-И-04 Мултимедијален и скалабилен веб IX 6
5 СИ-И-05 Моделно базирано софтверско инженерство IX 6
6 СИ-И-06 Софтверско инженерство за критичните системи X 6
7 СИ-И-07 Инженерска етика X 6
8 СИ-И-08 Инженерство на ЕРП бизнис системи X 6
9 СИ-И-09 Надежност на софтвер X 6
10 СИ-И-10 Препознавање на облици X 6
11 СИ-И-11 Системи за поддршка на одлуки X 6
12 СИ-И-12 Системска интеграција X 6
13 СИ-И-13 Софтверски архитектури X 6
14 ИС-И-06 Анализа и дизајн на информациони системи IX 6
15 ИТ-З-02 Напредни мобилни и веб апликации IX 6
16 ITMW01 Напредно управување со софтверски проекти IX 6
17 ИТ-И-05 Податочна визуелизација IX 6
18 КН-З-03 Формални методи IX 6
19 ИТ-З-03 Интернет безбедност и приватност IX 6
20 ИС-И-14 Мултимодална интеракција X 6
21 ИС-И-18 Интелигентни мобилни апликации X 6
22 ITMS01 Напредно инженерство на софтверски барања X 6

 

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.