Мартина Тошевска е родена во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје со континуиран одличен успех. Во 2014 год. се запишала на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на студиската програма Компјутерски науки и инженерство. Во текот на студирањето е наградувана како дел од најдобрите студенти на ФИНКИ. Дипломира во 2018 год. со просечна оцена 9,70, со дипломски труд на тема „Креирање описи на медицински слики со техники на
длабоко учење“. Во 2018 год. се запишала на постдипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на насоката Интелигентни системи. Магистрира во 2019 год. со просечна оцена 10,00, со магистерски труд на тема „Автоматско креирање на стилизиран текст со длабоки невронски архитектури“. Во 2020 год. се запишала на докторските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на насоката Компјутерски науки и инженерство.
Во текот на студирањето изведувала практична работа како практикант за машинско учење во „Netcetera“. Во 2017 год. е избрана за демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, а во 2022 год. го стекнала звањето асистент-докторанд. Во нејзините наставни обврски била/е одговорна за изведување аудиториски и лабораториски вежби по предметите: Вештачка
интелигенција, Бази на податоци, Обработка на природни јазици, Интелигентни информациски системи, Агентно-базирани системи, Откривање знаење со длабоко учење, Виртуелни општества, Теорија на графови и социјални мрежи, Методологија на истражување во ИКТ и Објектно ориентирана анализа и дизајн.
Автор е на повеќе научни трудови објавени на домашни и меѓународни конференции. Полињата на нејзиниот научно-истражувачки интерес вклучуваат: вештачка интелигенција, длабоко учење, обработка на природни јазици, анализа на граф податоци, машинска визија, податочно рударење, бази на податоци и др.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК