06/08/2020
Македонски Телеком има потреба од студенти кои се при крај со своите студии, кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно местo Соработник за апликативни решенија во DWH/BI Домаинот во Служба за ERP и DWH
Истиот ќе биде ангажиран за следниве активности:
Работни задачи:
- Учествува во извршувањето на активностите за апликативно одржување на системите кои се наоѓаат во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата во правец на обезбедување на соодветно функционирање и работење на системите
- Учествува во извршувањето активностите за проектите кои се планирани или се во тек во DWH/BI доменот во согласност со интерните прописи на компанијата
- Учествува во извршувањето на активности во делот за дизајн на интерфејси во DWH системот со изворните системи.
- Учествува во дневно следење на ETL процеси и корекција на грешките како и месечното извршување на ETL процеси за месечните трансфери на податоци
- Учествува во дизајн и имплементација на OLAP коцки, развој, одржување и следење на процесот за освежување на OLAP коцките
- Учествува при моделирање на податоците во BI алатката, креирање на Пакети, дизајн, имплементација и одржување на извештаите во истата
- Учествува во извршувањето на секојдневните активности во делот за администрација и одржување на ETL (Oracle Warehouse Builder), BI системот (Cognos), SPSS како и SAS Campaign management системот
- Учествува во изработка на ad-hock извештаи и сложени извештаи по барање на деловните корисници како и месечно креирање на финансиските извештаи
Од студентите се очекува да ги поседуваат следниве знаења и вештини:
- Одлично познавање SQL, PL/SQL, Oracle RDBMS
- познавање на Unix OS и Windows OS
Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.08.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk или на career@telekom.mk,
1