Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Во прилог на приjавата, треба да се донесат следниве документи:
1. Пријава за запишување од Универзитетот - потпишан образец А1 (розов лист, може да се купи на денот на носење на документите од книжарниците околу факултетот)
2. Електронска пријава од факултетот, интерен пријавен лист (отпечатена од iKnow-системот, потпишана)
3. Оригинални свидетелства од сите класови
4. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. Извод од матичната книга на родените (оригинал)
6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. Потврда за уплатa:
- 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница или преку СМС)
- потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување)
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, а согласно точка XI од конкурсот за упис на УКИМ, документите во хартиена форма, треба да се донесат во просториите на ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 14:30 часот.