Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар во учебната 2024/2025 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 28.10.2024 до 01.11.2024 година, заклучно со 01.11.2024, од 09:00 до 12:00ч на шалтерот на Студентската служба на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
Потребни документи за запишување на зимскиот семестар:
- Индекс
- Образец за заверување на семестар
- Образец за запишување семестар (доставуваат сите студенти кои сеуште не магистрирале, односно се запишува празен семестар)
- Интерен пријавен лист (само за студентите кои запишуваат предмети)
- Уплатница за следната рата од школарината, согласно договорот за студирање
За студенти кои преслушуваат предмет дополнително се потребни:
Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми.
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата
Рокот за носење на документите е заклучно со 01.11.2024