Роден е 1996 година во Скопје, каде што ги завршил основното и средното образование. Дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје во 2019 година на насоката Мрежни технологии. Магистрира во 2020 година, насока Интернет технологии. Во текот на додипломските студии бил континуирано наградуван за постигнатите резултати. Учествува во реализација на повеќе национални и меѓународни проекти. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје почнал да работи во 2018 година како помал демонстратор. Неговите наставни обврски опфаќаат изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предметите од областа на компјутерските мрежи и сајбер безбедноста. Области на научно-истражувачки интерес се компјутерски мрежи, дистрибуирани системи, апликативен софтвер и сајбер безбедност.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК