Објавено на:
12/02/2026
Инженерската институција на Македонија по повод 21 март, Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2025 година. Целта на оваа иницијатива е широка и ефикасна промоција на младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се определуваат за инженерска професија.
Старосната граница за пријавување е 35 години (вклучувајќи и 35 години).
Критериуми по кои се избира млад инженер на годината се:
- постигнати инженерски резултати во 2025 година
- лидерство и инспирација на младите;
- креативност и иновативност;
- споделување на знаење и ангажирање во заедницата;
- општествено и етичко влијание на околината.
Повикот е отворен до 15.02.2026 година.
Наградата е платено учество на Европската конференција на млади инженери.
Свеченото прогласување ќе се одржи на 31.03.2026, на настан по повод Денот на македонските инженери.
Пријавете се на линкот: https://lnkd.in/du36AADN
