Андреј Ристески е доцент во одделот за машинско учење Bo универзитетот Carnegie Mellon. Пред позицијата Bo Carnegie Mellon, Андреј беше Norbert Wiener Fellow во одделот за применета математика во универзитетот MIT, како и во институтот за Data Science и статистика (IDSS). Андреј има докторат по компјутерски науки од универзитетот Принстон, каде исто дипломира.
Неговата област на истражување се математичките и научни основи на машинско учење и вештачка интелегенција, со особен фокус на длабоко учење и невронски мрежи. Андреј редовно објавува во врвните конференции за машинско учење (NeurIPS, ICML, ICLR), како итеоретски компјутерски науки (STOC, COLT). Тој исто редовно служи BO организациони и рецензентски комитети за овие конференции.