д-р Андреја Наумоски дипломирал и магистрирал во 2006 и 2008 година, соодветно,додека во јули 2012 успешно ја одбранил докторската теза на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Од 2006 година, работи на неколку меѓународни проекти на Факултетот како истражувачки асистент, додека во 2009 година е ангажиран како демонстратор при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје во 2011 година е ангажиран како демонстратор, додека во јануари 2014 е избран во звањето насловен доцент. Наставните обврски му опфаќаат изведување предавања и аудиториски вежби по неколку предмети. Автор и коавтор е на повеќе од четириеесет научни трудови на меѓународни конференции и престижни странски списанија, како и меѓународни списанија со фактор на влијание. Учествувал во 3 меѓународни проекти финансирани од Темпус и FP6 програмата, како и на билатерални проекти. Полиња на научно - истражувачки интерес му се машинско учење и податочно рударење на еколошки податоци, моделирање и предикција на динамички процеси, фази логика и фази машински алгоритми, како и анализа на временски серии.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК