Бојан Илијоски е роден во 1987 во Скопје. Основно образование завршил во ОУ ,,Мирче Ацев” во Скопје, а средно образование во гимназија ,,Никола Карев” во Скопје, математичко подрачје. Во текот на основното и средното образование учествувал на регионални и државни натпревари по математика и информатика.Во 2006 година се запишал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на институтот за информатика, насока програмско инженерство. Дипломирал во 2010 при што се стекнaл со стручен назив димпломиран инженер по информатика – програмско инженерство. За време на високото образование учествувал на повеќе натпревари во програмирање и кострукција и менаџирање на софтверски проекти. Во септември 2010 се запишaл на постдиплмоските студии при Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет, насока компјутерски науки. Магистрирал во декември 2013 на тема „Групирање на коментари на македонски јазик“ кај менторот проф.д-р. Жанета Попеска. Од 2009 е активен како демонстратор на Интитутот за информатика при Природно-математичкиот факултет, со задолжение за држење на лабораториски вежби по предметите основи на програмирање, објектно и визуелно програмирање, структури на податоци и алгоритми, структури на податоци, интернет технологии и интеракција човек-компјутер. Области на неговиот научно-истражувачки интерес се интелигентни системи, податочно рударство, рударење низ текст, бази на податоци, алгоритми, грид пресметување, пресметување со високи перформанси.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК