Христина Михајлоска е родена 1985 година во Охрид, Македонија. Дипломирала на Природно-математички Факултет, Институт за Информатика во Скопје, во 2008 година. Во 2011 година се здобила со титулата магистер по информатички науки при Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје на насоката ТЕМПУС - Софтверско инженерство. Нејзината магистерска тема е од областа на симетричната криптографија и е со наслов “Анализа и конструкција на оптимални супституциски табели кај блок шифрувачи со помош на квазигрупи” под менторство на Данило Глигороски, редовен професор на Норвешкиот универзитет за наука и технологии (NTNU) во Трондхејм, Норвешка. Во март 2017 година, докторирала на Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, со докторска дисертација од областа на криптографијата под наслов “Лесна криптографија од перспектива на теоријата на квазигрупи” под менторство на проф. Глигороски.
Во текот на своите студии, континуирано е наградувана за постигнатиот успех.
По дипломирањето е вработена како помлад асистент на Природно-математичкиот Факултет, Институт за Информатика во Скопје. Од 2011 година, работи како асистент на Факултетот за Информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Нејзината работа како асистент вклучува подготовка и изведување на аудиториски и лабораториски вежби по предмети како што се: програмирање, алгоритми и податочни структури, оперативни системи, квалитет на софтвер и тестирање, криптографија и информациска безбедност.
Учествува/ла во повеќе меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти. Во рамките на нејзината научно-истражувачка работа има учествувано на голем број конференции, работилници и летни школи. Автор и коавтор е на бројни научно-истражувачки трудови. Има учествувано на светскиот натпревар за автентикациска енкрипција CAESAR како дел од тимот на шифрувачот π-Cipher. Моментално нејзиното внимание е насочено кон автентикациска енкрипција, дизајн на лесни шифрувачи и докажлива сигурност како дел од полето на симетричната криптографија.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК