Роден е 1981 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2005 година. Магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во 2008 година. Во моментов работи на докторската теза од областа на ранливост на комплексни мрежи. Веднаш по дипломирањето започнал со работа на Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје како демонстратор. Од крајот на 2007 година работи како помлад асистент по предметите од областа компјутерска техника и информатика. Во текот на неговиот работен ангажман дава значаен придонес во осмислувањето, креирањето и организацијата на аудиториски и лабораториски вежби. Активно учествувал во истражувања од областа на комплексните и компјутерските мрежи и има објавено 10 научни трудови на меѓународни и домашни конференции и списанија. Учествувал во изработката на 4 книги, како и во поголем број на научно истражувачки и апликативни проекти. Области на негов научно-истражувачки интерес се комплексни мрежи, компјутерски мрежи, безжични мобилни ад хок мрежи, апликативен софтвер и веб технологии, дизајнирање на системи на чип.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК