Роден е 1982 година во Струмица. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 2006 година. Магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 година. Во текот на образованието редовно е наградуван за успешно студирање, а како најдобар студент во генерацијата е награден и од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и други организации и фондации, меѓу кои Организацијата на инженерите на Македонија, која го наградила со наградата златен инженерски прстен. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје работи од 2005 година како демонстратор. Во 2007 година го стекнал звањето помлад асистент, а во 2010 година звањето асистент. Во своите наставни обврски бил/е одговорен за изведување вежби по предмети од областа на бази на податоци, вештачка интелигенција, податочно рударење, алгоритми за анализа на податоци, логичко и функционално програмирање и биокибернетика. Како автор/коавтор има учествувано во изработката на повеќе од 15 трудови публикувани во реномирани меѓународни научни списанија и зборници од конференции. Неговиот научно-истражувачки интерес е фокусиран на областите: биоинформатика, пресметковна биологија, вештачка интелигенција, податочно рударење, алгоритми за анализа на податоци и бази на податоци.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК